
Трансферот на Кансело во Барселона е завршена работа
Барселона и Манчестер Сити позитивно ги завршија преговорите за позајмица на Жоао Кансело.
Во текот на денот се очекува да бидат потпишани и документите. Вечерва е планирано Кансело да отпатува во Барселона.
Се работи за едногодишна позајмица со опција за перманентен трансфер.
