
Трамп: Размислувам да одам во Турција во четврток и да им се приклучам на Русија и Украина
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека постои можност да се приклучат на преговорите меѓу Русија и Украина во четврток во Турција.
„Мислам дека средбата во четврток во Турција меѓу Русија и Украина може да има добри резултати“, рече Трамп денеска на настан во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
Трамп, кој од утре до 16 мај ќе ги посети земјите во Персискиот Залив, рече дека размислува да „прелета“ во Турција и да се вклучи во преговорите.