
Трамп повторно шокира! Купува нов автомобил, сака да го спаси Маск?
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе купи нов автомобил Tesla за да му покаже поддршка на производителот на електрични автомобили и сојузник Илон Маск поради неодамнешните протести против Tesla и падот на цената на акциите на компанијата.
Улогата на Маск во масовните кратења на персоналот на федералната влада, наредени од Трамп, доведе до протести во САД против Тесла.
Околу 350 демонстранти демонстрираа минатата недела пред салонот за електрични возила на Tesla во Портланд, Орегон, додека девет лица беа уапсени за време на протестите што излегоа од контрола пред салонот на Tesla во Њујорк претходно во март. Маск го предводи таканаречениот Оддел за владина ефикасност (DOGE) на администрацијата на Трамп.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп застана во одбрана на Маск, велејќи дека тој „се ставил себеси таму“ за да и помогне на земјата и дека прави „фантастична“ работа. „Утре наутро ќе купам сосема нова Tesla како знак на доверба и поддршка за Илон Маск, навистина голем Американец“, рече Трамп, пренесе Ројтерс.
Маск му се заблагодари на претседателот за поддршката на неговата социјална мрежа Х. Вредноста на Тесла е повеќе од преполовена откако достигна историски максимум од 1,5 трилиони долари на 17 декември, откако Маск помогна во финансирањето на изборната победа на американскиот претседател Доналд Трамп.
Падот на акциите од декември произлегува од падот на продажбата и профитот на возилата, протестите поради политичкиот активизам на Маск и загриженоста на инвеститорите дека политиката го одвлекува вниманието.