Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп открива што разговарал со Си – „Не ги споменавме Украина и Русија“
Македонија

Трамп открива што разговарал со Си – „Не ги споменавме Украина и Русија“

05/06/2025

AA

Кинескиот претседател Си Џинпинг разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп, во услови на затегнати билатерални односи околу трговските спорови. Разговорот се одржа на барање на Трамп, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Трамп објави статус на својот профил на социјалните мрежи Truth Social во кој вели дека главната тема на разговорот била трговијата.

„Разговорот заврши многу позитивно за двете земји“

„Тукушто завршив многу добар телефонски разговор со претседателот Си од Кина, за време на кој разговаравме за некои детали од нашиот неодамна договорен и потпишан трговски договор. Разговорот траеше околу час и половина и заврши многу позитивно за двете земји.

Веќе не треба да има никакви прашања поврзани со сложената ситуација околу ретките минерални производи. Нашите тимови наскоро ќе се сретнат на локација што сè уште не е утврдена. Соединетите Американски Држави ќе бидат претставени од секретарот за финансии Скот Бесент, секретарот за трговија Хауард Лутник и претставникот за трговија на САД, амбасадорот Џејмисон Грир.

За време на разговорот, претседателот Си љубезно нè покани мене и првата дама да ја посетиме Кина, а јас ја вратив поканата. Како претседатели на две големи нации, двајцата со нетрпение го очекуваме тој состанок. Разговорот беше речиси целосно фокусиран на ТРГОВИЈАТА.

Немаше разговор за Русија и Украина, ниту за Иран. Навремено ќе ги информираме медиумите за датумот и локацијата на претстојниот состанок. Ви благодарам за вашето внимание“, му напиша тој на Трамп.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy