
Трамп: Ништо нема да се случи додека Путин и јас не се сретнеме
Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше неуспешните руско-украински преговори во Истанбул.
Тој рече дека значителен напредок во мировните преговори за Украина е малку веројатен додека тој и рускиот претседател Владимир Путин не се сретнат лично.
Новинар на „Ер Форс 1“ го праша Трамп дали е разочаран од нивото на делегацијата што Русија ја испрати во Турција.
„Слушајте, ништо нема да се случи додека Путин и јас не се сретнеме. Во ред. Очигледно тој немаше да оди. Сакаше да оди, но мислеше дека ќе одам“, рекол Трамп, пренесе Би-би-си.
Тој додаде дека двајцата ќе мора да се сретнат наскоро „бидејќи премногу луѓе умираат“.