
Трамп: Не се плашам да одам во затвор, имам повеќе поддржувачи од кога било
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се плаши да заврши во затвор бидејќи, како што наведе, кривичната постапка против него е лажна. „Мислам дека тоа нема да се случи. Секој случај е измама“, рече Трамп во интервјуто со водителот Глен Бек. Тој додаде дека го прогонуваат „лоши и болни луѓе“.
