Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп најави укинување на санкциите врз Сирија
Македонија

Трамп најави укинување на санкциите врз Сирија

13/05/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Ријад објави дека ги укинува санкциите врз Сирија, еден ден пред закажаната кратка средба со сирискиот претседател Ахмад ал-Шарија во Саудиска Арабија.

„Ќе наредам укинување на санкциите врз Сирија за да им се даде шанса за мир“, рече американскиот претседател, додавајќи дека одлучил да го стори тоа на инсистирање на неговиот домаќин, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Трамп утре треба да се сретне со сирискиот претседател Ахмед ал-Шарех, поранешен бунтовник и член на екстремистичката група која го предводеше соборувањето на поранешниот сириски лидер Башар ал-Асад минатата година.

„Таму има нова влада која се надеваме дека ќе успее“, рече Трамп за Сирија, додавајќи: „Велам, среќно, Сирија. Покажете ни нешто посебно“.

САД размислуваат како да се справат со Ал-Шарех откако тој ја презеде власта во декември. Лидерите на Заливот ја поддржаа новата влада во Дамаск и сакаат Трамп да го стори истото, верувајќи дека тоа создава бедем против враќањето на иранското влијание во Сирија. Иран помогна во поддршката на владата на Асад за време на децениската граѓанска војна.

Претходникот на Трамп, Џо Бајден, одлуката за признавање на новата сириска влада му ја препушти на Трамп. Санкциите наметнати врз Дамаск под водство на Асад се сè уште на сила.

Пред изјавата на Трамп, Белата куќа објави дека Трамп накратко ќе го поздрави сирискиот претседател утре во Саудиска Арабија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy