
Трагедија во струмичко: Маж починал по пад во шахта во сопствениот двор
Шеесет и шестгодишен маж со иницијали К.Г. е пронајден починат вчера во струмичкото село Радичево.
Според информациите од МВР, несреќниот човек од невнимание паднал во шахта во дворот од неговата куќа.
Лекар од итна помош констатирал смрт, нагласувајќи дека нема траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.
