
ТРАГЕДИЈА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Почина бебе во семејниот дом – нема траги на насилство, ќе се прави обдукција
Тажна вест пристигна од скопската населба Шуто Оризари. Вчера наутро (10 јануари) во семеен дом било пронајдено починато бебе.
Случајот во СВР Скопје бил пријавен во 08:00 часот од страна на екипа на Итната медицинска помош, која била повикана на интервенција.
Лекарите на лице место за жал можеле само да констатираат смрт.
Полицијата извршила увид на местото на настанот. Иако нема траги на насилство, по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција за да се утврдат точните причини кои довеле до смртта на новороденчето.
