
ТРАГЕДИЈА ВО ГРЦИЈА – тинејџер загина откако му се скршило столче на конзолата на забавен парк
Тинејџер трагично почина откако паднал од реквизити од забавен парк во Пефкохори соседна Грција.
Како што пренесуваат меидумите, 19-годишно момче дошло со семејството на Халкидики и сите заедно отишле во забавниот парк да се забавуваат. Забавата тргнала наопаку кога му се скршило столчето на конзолата на која седел.
Набрзо на лице место пристигнала брза помош и тој веднаш бил пренесен во болница, но не бил спасен.
Полицијата го уапсила сопственикот на забавниот парк, а истрагата е во тек.
Инцидентот се случил во неделата во Пефкохори, а 19-годишникот починал следниот ден во медицинскиот центар во блиската Касандра.
Фото: Принтскрин/Твитер
