
Трагедија во фабрика во Делчево: Загина 30-годишен маж!
Триесетгодишен работник од Делчево вчера трагично го загуби животот при несреќа во фабрика во градот.
Според информациите од СВР Штип, настанот се случил на 10 септември околу 11 часот, кога В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Иако веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош кон Клиничката болница во Штип, тој им подлегнал на повредите на патот.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
