
ТРАГЕДИЈА ВО ЧАЧАК: Во моментот кога тргнал воз, се слушнала експлозија – еден загинат (ВИДЕО)
Жителите на Чачак утрово, неколку минути по 8 часот, биле вознемирени од силна експлозија што се случила на железничката станица.
Како што пренесуваат медиумите, млад човек се разнел со бомба на клупата на платформата на железничката станица каде што се чекаат возови. Тој починал на лице место, пренесува „Курир.рс“, проследено со фотографии од местото на несреќата.
Експлозијата се слушнала три минути по минувањето на патничкиот и товарниот воз, според очевидци.
По првичните информации дека лицето работело во локалната пошта, истите се демантирани, сега медиумите потенцираат дека не станува збор за работник во пошта.
За среќа, нема други повредени. Во тек е увид на местото на трагедијата, присутна е полиција и форензичари.
На терен се голем број полициски службеници кои вршат увид.
Освен мажот кој ја активирал бомбата, од која и самиот загинал, нема други повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е вознемирувачко
Фото: Принтскрин/Инстаграм
