
Трагедија: Во автомобил оставен на сонце, почина дете!
Денес пред еден час случаен минувач во градот Ловренц во општина Преболд, недалеку од Целје, наишол на дете заклучено во автомобил. И покрај брзата интервенција на брзата помош и пожарникарите, детето починало, пренесува Дело.
Пожарникарите го извлекле детето, бил активиран и воен хеликоптер, но детето не можело да се спаси. Во тек е истрага. Националниот институт за јавно здравје упати апел до родителите никогаш да не го оставаат своето дете во автомобил бидејќи високата температура може многу брзо да биде фатална.
„Топлината во паркиран автомобил брзо се крева и убива“, предупредуваат тие. Тие нагласуваат дека малку отворениот прозорец на автомобилот речиси и да нема ефект и не го спречува фаталното загревање на внатрешноста на возилото. Не помага ниту претходно ладењето на автомобилот со клима, бидејќи за само неколку минути температурата е иста како надворешната, а потоа само се зголемува.
Тие предупредуваат и дека при надворешна температура од 21 Целзиусов или пониска во сончевите денови, автомобилот се загрева за помалку од десет минути, па топлината може да биде опасна по живот.

