
ТРАГЕДИЈА: Во Аеродром пронајдена почината жена во стан, имало чад од запалена клима!
На 30.12.2023 во 17.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на подрачје на Аеродром била пронајдена почината Ј.Ц.(61) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
