
Трагедија! Позната актерка загина во пожар во Лос Анџелес
Познатата актерка Далис Кари, како што објави Дејли Мејл, загинала во пожар во Алтадена.
Според извештаите, телото на актерката било пронајдено во куќа која изгорела до темел.
Тажната вест ја потврди и нејзиното семејство.
– Пред околу еден час судскиот вештак потврди дека на имотот се пронајдени нејзините останки – напишала во неделата вечерта една нејзина правнука на социјалната мрежа Фејсбук.
Актерката позната како Momma D глуми и во „Lady Sings the Blues“, имаше 95 години и одамна е во пензија.
Таа се појави во филмовите „The 10 Commandments“ и „Blues Brothers“.