
ТРАГЕДИЈА КАЈ КУЧЕВИШКА БАРА: Едно лице загина, а друго се бори за живот по судир на „Фиеста“ и „Голф“
Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера (17 февруари 2026 година) на стариот пат кон селото Кучевишка Бара. Во судирот животот го загуби едно лице, додека друго е пренесено во болница со тешки телесни повреди.
Според првичните информации, во несреќата учествувале два автомобила со скопски регистарски таблички:
За жал, ударот бил фатален за возачот на „форд фиестата“, кој им подлегнал на повредите на самото место на несреќата.
Возачот на „голфот“ се здобил со тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош итно е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Ургентен центар за укажување лекарска помош.
Поради полицискиот увид на местото на настанот, сообраќајот на стариот пат кон Кучевишка Бара утрово беше пренасочен.
