
ТРАГЕДИЈА: 43 годишна жена пронајдена почината во деловен објект во Струмица
СВР Струмица утрово информираше дека во 00.47 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во деловен објект во Струмица била пронајдена почината 43 годишна жена од Струмица.
Увид на местото извршиле Јавен онвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
