
Трагедија! 31 годишник загина на авто патот Скопје-Тетово
31-годишниот А.С. од скопско Јурумлери загина на само место на автопатот Скопје-Тетово откако бил прегазен од „фиат“.
– На 07.05.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во атар на с.Арнакија, патничко моторно возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(49) од с.Лабуништа, струшко, удрило во А.С.(31) од с.Јурумлери, скопско, соопшти полицијата – информираат од МВР.
Од МВР велат поради сериозните повреди со кои се пешакот А.С. тој починал на самото место, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
