Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Св. Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата
Македонија

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Св. Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

14/02/2024

AA

ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари.

Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во своето работење, дополнително инвестирајќи во грижата за животната средина, влијанието и придонесот во развојот на општеството и доброто управување.

Гостите ги поздрави новата генерална директорка на ВВ „Тиквеш“ Бранка Славеска, која во своето обраќање фокусот го стави на посветеноста на „Тиквеш“ за развој на винската индустрија во земјава и регионот, претставувајќи пример за останатите деловни субјекти во индустријата.

„Производството на квалитетно вино е императив во работата на „Тиквеш“. Тоа може да се постигне само со имплементација на современи практики и технологии, примена на науката и, најбитно, со поставување и следење на највисоки стандарди во своето работење. Воведувањето на ЕСГ стандардите за нас и за нашите соработници значи дополнителен поттик за раст на компанијата, но и за позитивно влијание на општеството во целост“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска и нагласи дека „Тиквеш“, кој е своевиден амбасадор на државата, чувствува должност да вложува во трасирање на патеката за освојување на светските пазари и градење на имиџот на македонското вино.

ВВ „Тиквеш“ посветено работи на целосна трансформација во т.н. „зелена” винарница. Во рамки на овој процес, го произведува првото органско вино, токму на лозовите насади на Лепово, користи најсовремени научни методи, како и вештачка интелигенција во насока на заштита на лозовите насади и обезбедување квалитетно грозје, имплементира проекти кои имаат за цел заштита на животната средина, намалување на отпадните води како и намалување на емисиите на CO₂ и вложува во обновливи извори на енергија преку инсталирање на фотоволтаици. Притоа, сето ова го споделува и со своите кооперанти и со останатите чинители во индустријата.

„Тиквеш“ како општествено одговорна компанија во целокупното работење е посветена на минимизирање на своето влијание врз животната средина, поддршка на локалните заедници и практикување највисоки стандарди за корпоративно управување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy