
Трајковски: Хрватска е одлична репрезентација, очекувам добар меч во Ријека
Трајковски посочи дека повредата на Енис Барди е голем хендикеп за репрезентацијата, но верува во квалитетот на останатите фудбалери.
„Се подготвивме максимално за предизвикот со Хрватска. Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Секако дека Енис Барди, кој е преважен играч за нас, ќе ни недостасува во тимот, но јас се надевам дека секој играч кој ќе биде на теренот и ќе го замени на таа позиција, ќе го даде максимумот. Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември.“, изјави Трајковски.
Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра во Ријека од 19 часот.
