
Трајковски доби нов тренер во Хајдук!
Откако му се заблагодари на досегашниот, Иван Леко, клубот набргу го претстави 41-годишниот Кароглан, кој еднаш веќе беше на чело на „белите“ од Сплит и тоа со голем успех.
Минатата сезона го водеше 12 меча, бележејќи осум победи и четири нерешени, но во март се откажа поради приватни причини. Тој беше дел од Хајдук уште од 2020 година, но како тренер на кадетската екипа, па поради целото заедничко минато и поради фактот што повторно е на располагање, раководството му даде шанса.
Хајдук се наоѓа на второто место на табелата во хрватската лига, со 21 бод, два помалку од лидерот Риека, од кого загуби во предминатото коло. Викендов врза пораз и од Осиек, што беше повод за разделба со Иван Леко.
