Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трајановски си поднесе оставка – Арсовска вели: Не може да даде оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци!
Македонија

Трајановски си поднесе оставка – Арсовска вели: Не може да даде оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци!

27/02/2025

AA

На денешната седница на Советот на Град Скопје, заменик градоначалникот Александар Трајановски истакна дека градоначалничката Данела Арсовса се грижела единствено за „кланот од Сарај“.

Како што вели, тие под нејзино раководство владејат во Скопје.

„Од кал да е – директор од Сарај да е“, рече Трајановски.

На ова веднаш се огласија од Град Скопје од каде велат дека лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци.

„Имено, истиот е разрешен од функцијата на 19.12.2024 година.

Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради нарушување на угледот на град Скопје, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик градоначалник. Поточно, ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција.

Единственото барање на ова лице за кое е свесна градската администрација е неговата желба да добие канцеларија, службено возило и службен телефон. Друга комуникација, уште помалку во смисла на активен придонес кон работата на градот ова лице немало во последните две години.

По однос на обвинувањата на Трајановски за некакво „влијание од ДУИ“, сакаме целосно да ги демантираме како лажни вести и несериозни обвинувања. Кадрови решенија градот Скопје немаше две години, ниту постоеше можност за вработувања поради неизгласани планови за вработување, а доколку истото некогаш би се реализирало би било врз основа на распишан оглас за вработување, со единствен критериум е исполнување на квалификациите и избор на најдобрите кандидати според закон. Доколку на Трајановски ништо не му сметало во градот Скопје повеќе од 3 години па се до неговото разрешување во декември 2024 година, прашање е зошто би му сметало сега.

Тажно е да се гледа како млади луѓе се ставаат во функција на полтрони на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН/Вреди“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од

12/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy