
Тотнем победи и остана осамен на врвот во Премиерлигата! (ВИДЕО)
Откако ривалот Арсенал загуби бодови играјќи реми против Челси (2-2), Тотнем ги имаше сите предуслови за да го окупира врвот сам и остана само уште да го надигра Фулам.
Тоа го направи со убедлива игра и многу шанси, иако реализираа само Сон во 36. минута и Медисон во 54. Сега имаат 23 бода на првата позиција, пред Манчестер сити и Арсенал со по 21.
Тренерот Ангелос Постекоглу постави рекорд за најуспешен тренер дебитант во Премиерлигата по девет одиграни кола со ефектот од 23 бода.
