Тотално лудило во руското дерби – летаа боксови меѓу играчите на ЦСКА и Спартак (ВИДЕО)
Се почна поради дивеењето на играчот на ЦСКА, Вилијан кој прво грубо стартуваше, а потоа им удри боксови на противничките фудбалери Литвинов и Бабиќ. Дојде до општ хаос на теренот што резултираше со црвени картони за Вилијан, но и за гостинскиот играч Литвинов. До крајот, ЦСКА остана со уште фудбалер помалку бидејќи и Обљаков беше исклучен.
Спартак триумфираше со головите на Бонгонда и Медина, но двете екипи се далеку од врвот на табелата каде се наоѓа Краснодар со 33 бода, осум поведе од Спартак и девет од ЦСКА.
Интересно е тоа што двата московски клуба ги водат руски тренери. На клупата на ЦСКА е Марко Николиќ, а Дејан Станковиќ е „шеф“ на ЦСКА.