
Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош
За 12 часот и 30 минути пред зградата на МВР закажана е вонредна прес конференција на министерот за внатрешнири работи Панче Тошковски.
На прес конференцијата се очекува да бидат соопштени повеќе детали за вчерашната трагедија во скопски Карпош.
Утрово обвинителството соопшти дека мајката и детето биле сами во станот и заклучени од внатрешна страна.
Се проверуваат мобилни телефони и се екстрахираат податоци.
4NEWS.mk ќе ја пренесува во живо прес конференцијата.
