
Тошковски задоволен од „Безбеден град“: Скопјани ја намалија брзината, се отвора пункт и апликација за пријавување на системските грешки
Тест-периодот на системот „Безбеден град“ веќе ги дава првите позитивни резултати. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази задоволство од новата сообраќајна култура, истакнувајќи дека граѓаните во Скопје значително ја намалиле брзината, што директно резултирало со намалување на бројот на сообраќајни незгоди и смртни последици.
Министерот беше дециден дека примарната и единствена цел на овој проект е спасувањето на човечки животи, а не полнењето на буџетот. Својата теза тој ја поткрепи со конкретна статистика за шансите за преживување при судар:
Свесен за почетните технички проблеми и нелогичности кои се појавија во системот (како казни за непостоечки прекршоци или грешки во препознавањето), Тошковски најави конкретни чекори за нивно надминување.
За таа цел, МВР воведува механизми преку кои граѓаните ќе можат да реагираат:
Преку овие канали, граѓаните ќе имаат можност да ги пријават сите евидентирани грешки и нелогичности на системот. Овие алатки ќе бидат активни за пријавување корекции најдоцна до 1 февруари, со цел системот да биде целосно функционален и правичен пред да започне целосната примена.
