Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: За побезбедна Македонија, донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
Македонија

Тошковски: За побезбедна Македонија, донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција

27/01/2025

AA

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за борба со нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со и нелегална трговија со мало и лесно оружје. Опремата ќе се користи во одделите за гранична полиција ширум државата и криминалистичката полиција.

Опремата е донирана во рамките на проектот „Поддршка за зајакнување на борбата против нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје во Западен Балкан“ од страна на УНДП и Европската Унија а реализирана преку Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје на Југоисточна и Источна Европа (СЕЕСАК).

„Предметната донација која е поддржана од ЕУ и УНДП а реализирана преку СЕЕСАК во значителна мера ќе ја зголеми нашата ефикасност во справувањето со заканите од малото и лесно оружје, пред се на организациските единици за кои оваа опрема е наменета, односно Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за гранични работи и миграции, но и на министерството во целина. Опремата која денеска ја добиваме не е само предмети, компјутери, дронови и останати технолошки помагала, туку истата претставува и поттик за нас како институција континуирано и на дневна база да развиваме стратегија и вложуваме напори во спречувањето на злоупотребата на мало и лесно оружје. Овој проект претставува уште едно признание за успешната соработка која ја имаме со нашите меѓународни партнери од СЕЕСАК,  УНДП и Делегацијата на Европската Унија. “, потенцираше министерот Тошковски на денешниот настан.

Тошковски истакна дека вкупната вредност на оваа опрема која изнесува  662.532,10  американски долари е навистина за почит и поттик за максимално вложување на Министерството за внатрешни работи во продолжување на успешната соработка како со нашите меѓународни партнери во борбата против сите видови на криминал.

„Сите ние треба да работиме заедно за да ги зачуваме нашите земји и нашите граѓани побезбедни. Оваа донација сè уште е уште еден чекор во долгорочното партнерство и соработка меѓу ЕУ и МВР. Соодветната технолошка опрема е многу важна за ефикасноста на полицијата, како и усогласувањето на националното законодавство со меѓународните стандарди. Задоволни сме од политичката определба прикажана од владата на Северна Македонија со одобрувањето на вториот Патоказ за
одржливо решение за борбата против трговијата со оружје на Западен Балкан. ЕУ ќе продолжи да обезбеди поддршка во сите потребни аспекти“, истакна Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Делегацијата на ЕУ.

Постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан ги истакна пошироките цели на иницијативата: „Оваа донацијата е дел од нашата поширока иницијатива за поддршка на Северна Македонија во постигнување одржливи решенија за мир и безбедност. УНДП останува решен да даде поддршка во спроведувањето на активностите со цел зајакнување на способностите на властите на Северна Македонија за извршување и на превентивните и репресивни дејствија неопходни за успешно идентификување и спречување на злоупотреба и трговија со огнено оружје, муниција и експлозиви од и преку Северна Македонија“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy