Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски во посета на Израел: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста
Македонија

Тошковски во посета на Израел: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста

07/03/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски деновиве предводи делегација ма министерството за внатрешни работи во Израел, на покана на компанијата Elbit Systems, која е долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките и безбедносни капацитети на МВР, особено на проектот „Безбеден град“.

„Оваа посета претставува значајна можност за размена на искуства и запознавање со најновите технолошки решенија што ги развива Elbit за справување со модерните безбедносни предизвици. Посебен фокус беше ставен на иновациите во заштитата на границите, урбаната безбедност и борбата против тероризмот, како и можностите за интеграција на напредни технологии во безбедносниот систем на нашата земја.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски го посети и Полицискиот контролен центар во Тел Авив, каде што се запозна со функционирањето на нивниот интегриран систем кој користи напредни алатки и автоматизирани процеси за брза реакција при безбедносни инциденти, што е одличен пример за ефикасно управување со јавната безбедност и превенција на криминалот.

Во рамки на посетата министерот оствари средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел, генерален директор во израелското Министерство за национална безбедност. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размената на добри практики во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Министерот Тошковски изрази искрено сочувство  за жртвите од терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, како и поддршка во сите напори за враќање на заложниците кои сè уште не се вратени во своите домови.

„На средбата беше истакнато дека Македонија и Израел се две пријателски земји со заедничка посветеност на безбедноста и стабилноста, кои преку размена на знаење, искуства и технолошки решенија можат уште повеќе да ги унапредат своите безбедносни капацитети. Справувањето со терористичките закани и јакнењето на меѓународната соработка беа меѓу клучните теми на разговор, со акцент на потребата за превентивни стратегии и современи технолошки решенија кои обезбедуваат брза и ефикасна реакција во заштитата на граѓаните. Оваа посета претставува уште еден чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста, како и доказ за нашата заложба за модернизација на безбедносните структури преку соработка со светски лидери во оваа област.“, потенцираше министерот Тошковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy