Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Во Кочани се сретнав со родителите на жртвите, не сакам тоа да го користам за медиумска експлатација
Македонија

Тошковски: Во Кочани се сретнав со родителите на жртвите, не сакам тоа да го користам за медиумска експлатација

10/06/2025

AA

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за МРТВ изјави дека континуирано е во комуникација со родители, но, оти не сака да го користи тоа за ПР и за медиумска експлатација, откривајќи дека веќе бил во Кочани, каде имал средба со дел од родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“.

-Тоа што можам да го сторам како министер и тоа што сум должен да го направам, ќе го направам, но, нема од тоа да профитирам медиумски. Имаше многу разговори, имаше многу конструктивни разговори со тие родители, изјави Тошковски.

Зборувајќи за пожарот во кочанската дискотека, Тошковски, рече дека „еден од најновите обиди за манипулација што ги прави опозицијата е дека истрагата завршила, а информациите не биле достапни до јавноста“.

– Истрагата во делот на процесот што се води од страна на Основното јавно обвинителство – Кочани, формално е завршена. Но, тоа не значи дека доколку се најдат одредени докази, а се поврзани со конкретно кривично дело, нема да бидат процесуирани спрема оние сторители, потенцијални осомничени или идни обвинети каде што ќе има конкретни докази како што беше и со оној фиктивниот сопственик којшто го кажавте претходно поврзан со, односно реалниот сопственик поврзан со правното лице за обезбедување на предметната дискотека. Тоа е едниот факт, а вториот е лагата на опозицијата дека истрагата е целосно завршена. Не е точно. Истрагата што се води од страна на Обвинителството за организиран криминал сѐ уште е во тек и не е завршена, посочи Тошковски.

Тошковски изрази уверување, дека од она што досега бил информиран, докази имало огромен број и за многу лица, за дејствија и не дејствија.

– Тезата на опозицијата дека не одговараат моментални функционери што од петни жили се обидуваат да ја наметнат на јавноста, е, погрешна. Во рамки на оваа постапка, факт е дека е осомничен еден актуелен министер. Осомничени се поранешни, но, осомничен е и еден актуелен министер. Факт е дека во рамки на оваа постапка се осомничени и поранешни директори, но, осомничен е и моментален директор на Дирекција за заштита и спасување. Факт е дека во рамки на оваа постапка имаме осомничено поранешни градоначалници, но, факт е дека имаме осомничено и сегашен градоначалник, рече министерот.

Тошковски рече дека лага било и тоа оти не се опфатени моментални надлежни полициски функционери.

– Исто како што е лага дека полициските функционери наводно кажано коишто биле надлежни вечерта, сѐ уште ги обавувале истите функции. Не е точно, нагласи Тошковски.

Прашан за барањата на блиски на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ да одат во Кочани и лично да се сретнат со нив, Тошковски рече дека бил во Кочани и се видел со дел од родителите. – Јас бев во Кочани. Бев, се видов со добар дел од родителите, одговори министерот.

Пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 повредени беа пренесени на лекување низ болници во државава и во странство. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy