
Тошковски: Толеранцијата на камерите од системот „Сејф Сити“ ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за Топ Тема на Телма соопшти дека отстапките на камерите од системот „Безбеден град“ ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај полициските радари.
Тоа значи дека за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за над 200 км/ч – 12 км/ч.
Министерот појасни дека оваа толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на сторено кривично дело поврзано со сообраќајот, нема да се применува.
