Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Тест-периодот на „Сејф Сити“ донесе помалку повредени во сообраќајни несреќи
Македонија

Тошковски: Тест-периодот на „Сејф Сити“ донесе помалку повредени во сообраќајни несреќи

16/12/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од собраниската говорница порача дека е неопходно да започне имплементацијата на проектот „Безбеден град“, нагласувајќи дека целта е спасување човечки животи и дека сите евентуални проблеми ќе се решаваат во текот на примената.

Тошковски одговараше на пратеничко прашање од Илир Хасани од Европскиот фронт, кој како лекар-трауматолог ја поддржа имплементацијата на проектот, укажувајќи и на одредени забелешки кои ги изнеле граѓаните за време на тест-периодот.

Министерот се согласи дека проектот започнува со задоцнување, истакнувајќи дека многу земји членки на Европската Унија вакви системи имплементирале уште пред една и пол деценија, додека Македонија доцни најмалку десет години.

Тој посочи дека за време на тест-периодот од 15 до 16 дена, според информации од здравствените служби, е забележано намалување на бројот на лица со тешки телесни повреди во сообраќајни несреќи.

Тошковски нагласи дека просекот на загинати во сообраќајот во земјава во последните 15 години изнесува 145 лица годишно, што, како што рече, ја става Македонија меѓу најлошите во Европа. За споредба, тој наведе дека во Хрватска годишно гинат околу 65 лица на милион жители, во Словенија околу 55, во Германија и Австрија 40 до 45, додека во скандинавските земји бројката е околу 20, наспроти околу 80 загинати на милион жители кај нас.

– Ова не е прашање на политика, ниту на етничка или професионална припадност. Станува збор за спасување човечки животи и очекувам поддршка од сите пратеници, без разлика дали се од власта или од опозицијата – истакна Тошковски.

Тој додаде дека Собранието треба да ги донесе законските решенија неопходни за целосна имплементација на проектот, нагласувајќи дека можни се пропусти, но дека системот мора да започне со примена.

Од своја страна, пратеникот Илир Хасани посочи дека за време на тест-периодот биле забележани одредени слабости, како што се изрекување опомени или казни за минимално пречекорување на брзината, недостиг на мобилни телефони или електронска пошта кај дел од граѓаните за достава на известувања, како и ограничената примена на системот во неколку градови. Сепак, тој ја повтори поддршката за имплементација на проектот „Безбеден град“, истакнувајќи ја неговата важност од аспект на јавното здравје и безбедноста во сообраќајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy