
Тошковски: Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните на територијата, а пасошите со старото име да важи во некои земји!
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите истакна дека срамота е македонскиот пасош со старото име да се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово, а да не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис.
Како што вели, решението е пратениците, како што го смениле Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и конечно да го решат проблемот на граѓаните.
„Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните на територија на која што сме и притоа доколку пробаат да излезат од Македонија, ние не ги пуштаме, заради тоа што Законот е таков, а слободно може да се движат со македонскиот пасош со старото име во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово. Очигледно е дека МВР превзема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните“, рече Тошковски.
