Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Со донесените законски измени возачките дозволи остануваат важечки во Република Северна Македонија и надвор од државата
Македонија

Тошковски: Со донесените законски измени возачките дозволи остануваат важечки во Република Северна Македонија и надвор од државата

12/02/2024

AA

Денеска во македонското Собрание беа изгласани предложените законски измени на законот за безбедност во сообраќајот изготвени од техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, со што важноста на возачките дозволи со старото име на државата за граѓаните на Република Северна Македонија се продолжува до 31 декември 2024 година. Со овие измени возачките дозволи ќе можат да се употребуваат во Република Северна Македонија и надвор од Република Северна Македонија, вели министерот Тошковски во вечерашното издание на Топ тема на телевизија Телма.

„Возачки дозволи претставуваат основна важечка исправа врз основа дали одредено лице може да управува моторно возило. Доколку не важеа, односно доколку не се случеше она чудо кое што се случи денеска да политичките актери во земјава седнат и се согласат конечно за прашање во интерес на граѓаните, во тој случај ќе беше проблем и немаше да може да бидат употребувани како во странство така и во внатрешноста. Со овие измени возачките дозволи ќе можат да се употребуваат во Република Северна Македонија и надвор од Република Северна Македонија. Зошто? Затоа што истите претставуваат основ за вадење на меѓународна возачка дозвола врз основа на која се легитимираат нашите возачи во странство. Но, основата од каде што се влече правото да се легитимираат е возачката дозвола која што е издадена од страна на нашата држава. Ќе употребам фраза што е позната во јавноста „Како до сега. Нема разлика“, истакнува Тошковски.

Во Република Северна Македонија се испечатени околу 525.000 активни возачки дозволи со новото име на државата, додека пак со старото име во важност остануваат уште 272.000 возачки дозволи. Тоа се важечки возачки дозволи коишто не се обновени со новото име, вели тој заблагодарувајќи се на граѓаните и медиумите коишто во изминатите 24 часа извршија притисок политичките актери во Собранието да ги изгласаат предложените измени за доброто на сите граѓани на Република Северна Македонија.

„Им се заблагодарувам на сите граѓани коишто го направија притисокот што го направија вчера, особено вам ви се заблагодарувам како новинари коишто го отворивте прашањето и беше дискутирано во рамки на овие 24 часа, врз основа на кое што политичарите во Собранието на Република Северна Македонија ја сфатија важноста, проблемот и значењето за граѓаните и овозможија да најмалку 272.000 возачи можат да управуваат моторно возило во Република Северна Македонија и надвор од Република Северна Македонија на издадени возачки дозволи со старото име. Но, вкупниот број на возачи се претпоставува дека е некаде до милион, така што ова бројка може да биде и малку поголема. Многу ми е битно граѓаните да знаат дека рокот којшто е даден е реален за да биде во целост задоволено нивното право од аспект на можностите коишто ги имаме како држава“, порачува министерот Тошковски.

Според податоците коишто ги сподели тој, во моментов обрасци за возачки дозволи од типот А има околу 30.000 од кои 8.000 се испечатени и дополнителни 60.000 од типот Б.
„Во наредниот период очекуваме да се набават уште околу 160.000 коишто треба да стигнат заклучно со март, а понатаму планираме да ја зголемиме бројот на возачки дозволи кои што ќе се печатат. Бројот којшто е потребен да се задоволи врз основа на тоа што е издадено до сега, во целост ќе го завршиме до крајот на годината“, додава тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy