Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Русковска ќе остане запаметена по изјавата „Јас мечка да обвинам, судот мечка ќе осуди“, тоа покажува дека системот е целосно девастиран
Македонија

Тошковски: Русковска ќе остане запаметена по изјавата „Јас мечка да обвинам, судот мечка ќе осуди“, тоа покажува дека системот е целосно девастиран

23/11/2023

AA

Вилма Русковска ќе остане запаметена од моја страна по изјавата „јас мечка да обвинам, судот мечка ќе осуди“. Тоа ни кажува дека живееме во едно девастирано општество, каде што системот буквално е доведен до распаѓање, вели Панче Тошковски, адвокат и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Тошковски, потенцираше дека Русковска требало да се разреши уште многу порано кога поднела неписмено обвинение.

Допрва ќе се осветлува вистината зошто ВМРО-ДПМНЕ решило така да го ослови ова неправо и неправда која се провлекува со години. Апсолутно не се согласувам со одлуката на судот. Русковска требаше да биде разрешена пред многу години, кога поднесе неписмено обвинение кое заврши со одлука на Врховен суд, но само заради тоа што ова е Република Македонија, кое што во делот на правосудството е еднакво на јужно африкански држави. Верувајте ми ќе разговараме за 4 до 5 години и ќе ми кажете, да во право си, бидејќи сите овие пресуди кои беа донесени насила, паднаа во Стразбур. Ова денес што се случи со Русковска верувајте ми не е правда. Обвинителскиот совет разреши обвинител заради тоа што врз основа на судска наредба постапила како што постапила. Тоа ли е причина за разрешување на обвинител, а не е причина разрешување за измислен обвинителен акт кој што е катастрофален сам по себе, смета тој.

Тошковски и порача на заменичката министерка за правда Аврамовска Мадиќ, дека луѓето не пријавуваат притисоци бидејќи не веруваат во системот, но претседателка на Врховен суд се охрабрила да проговори за политички притисоци откако амбасадорката на САД била кај неа во посета.

Знаете ли зошто не пријавуваат луѓето без разлика дали се дел од власта или не се притисоци? Затоа што никој не верува во системот и тој е девастиран што едноставно немаме систем. Се е распаднато до таа мера што јавен обвинител за организиран криминал кажува дека има притисоци. Замислите врховен судија, претседател на Врховен суд се охрабрува да пријави откако кај неа на посета била почитувани амбасадорка на САД, изјави тој.

Тошковски додаде дека и претходно голем број на носители на јавни функции на телевизии излегуваат и кажуваат дека се соочуваат со голем број на притисоци.

Екс претседател на Судски совет, сегашен претседател, претседател на Врховен суд, поранешен директор на финансова полиција. Поранешен шеф на обвинителство за организиран криминал. И пазете сега, ова не го збори опозицијата, за политички притисоци, ова го зборат првите луѓе на институциите. И они си зборат по телевизии. Зошто? Затоа што немаме систем, порача Тошковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy