
Тошковски: Кривични пријави за 34 физички, и три правни лица по пожарот во Кочани
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција порача дека поднесени се две кривични пријави за вкупно 34 лица и три правни лица.
Како што вели, МВР во соработка со ОЈО ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан.
„Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички лица и три правни лица за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп по член 357 од КЗ“, вели Тошковски.
Тошковски додава дека оваа трагедија повикала на целосна мобилизација на сите институции.
