Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Изборниот процес помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, без пречки и поголеми инциденти
Македонија

Тошковски: Изборниот процес помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, без пречки и поголеми инциденти

24/04/2024

AA

Изборниот процес помина без пречки и поголеми инциденти. Во текот на денешниот ден евидентирани се вкупно 12 случаи на фотографирање на гласачкото ливче, два случаи на кинење на гласачкото ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање на гласачко мести. Не се евидентирани други посериозни инциденти и нарушување на регуларноста на изборниот процес, информираа техничкиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев.

Изборниот ден, Тошковски оцени дека поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера.

-Овие избори беа уште еден тест за демократијата и во таа насока, сакам да им честитам на граѓаните кои излегоа и ја исполнија својата граѓанска должност и со тоа уште еднаш го истакнаа демократскиот капацитет на државата и значењето на нивната активна улога во градењето на инклузивно општетсво, порача Тошковски.

На подрачјето на СВР Скопје, во врска со пријава за испукана димна бомба, Тошковски информира дека од страна на тимот за антитероризам извршена е проверка и подигната е направата.

–  Врз основа на претходно поднесени пријави од МВР констатирани се шест прекршоци по член 190 од Изборниот законик, а ќе бидат поднесени и две кривични пријави – една за повреда на тајност на гласањето по член 163 од КЗ и една за повреда на избирачко право, казниво по член 159 од КЗ, изјави Тошковски.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, изрази благодарност за директорот Сашо Тасевски, кој раководел со централниот штаб и подштабовите на ниво на република, кои во изминатиот период ги собрале сите потребни оперативни информации за денот на гласањето да помине во одлична демократска атмосфера.

– Благодарност до граѓаните, македонската полиција, медиумите и сите за се што направивте денешниот ден да помине во фер, демократска и слободна атмосфера, изјави Бојмацалиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44957
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy