Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: ЕБР е симбол на сигурност и брза реакција, вистински штит на државата
Македонија

Тошковски: ЕБР е симбол на сигурност и брза реакција, вистински штит на државата

23/08/2025

AA

Вечерва, (23.08.2025) со Свечена церемонија на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан 23.август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 24 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи, во присуство на граѓаните на Кавадарци, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, највисокото раководство на МВР, министри, пратеници, претставници на државни институции и локалната самоуправа, претставници на полициските синдикати, како и претставници на семејства на загинати  и починати  припадници на ЕБР. Исто така, од граѓаните кои беа присутни имаа можност преку концептот „До вас, за вас“, да се дружат со полициските службеници од Единицата за брзо распоредување и да се запознаат со опремата со која работи оваа единица и другите единици на МВР.

Во своето обраќање на централната манифестација, Министерот Тошковски истакна дека овој ден е посветен на сите припадници на Единицата што денес се во служба, што сите оние низ годините со чест ја носеле униформата и на сите херои кои го положија животот извршувајќи ја својата службена должност.

„Денес одбележуваме 24 години од формирање на ЕБР, години исполнети со професионализам, пожртвуваност и верност кон државата и граѓаните. Единицата за брзо распоредување низ годините се изгради како современа, добро обучена и доверлива формација. Нејзините припадници постојано ги усовршуваат своите способности и знаења, следејќи ги највисоките полициски стандарди и прилагодувајќи се на новите безбедносни предизвици. Тоа што ја прави ЕБР посебна е фактот дека секој нејзин припадник е подготвен да преземе одговорност и да дејствува во најтешките и најризичните ситуации, каде одлуките мора да се донесат за секунди. Во изминатите две и пол децении, ЕБР се втемели како симбол на сигурност и брза реакција, вистински штит на државата и граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски осврнувајќи се на резултатите кои за една година ги постигна полицијата во борбата со крииналот, корупцијата и враќање на довербата кај граѓаните потенцираше дека Единицата за брзо распоредување е вградена во голем дел од позитивните резултати и има незаменлива улога во полицискиот систем на работа.

„Разбиени се опасни криминални групи, расветлени се стотици кривични дела, запленета е дрога која ќе завршеше кај нашите млади, спречени се илјадници обиди за нелегален влез во државата, поднесени се десетици пријави за корупција. Дојде време да покажеме дека државата е посилна од било кој криминалец, било која мрежа, било која коруптивна структура. Дојде време да си ја вратиме довербата во институциите. А токму во остварувањето на овие цели со гордост можам да кажам дека припадниците на Единицата за брзо распоредување имаа и имаат незаменлива улога. Нашата определба е да изградиме систем каде нема да има страв, каде законите ќе важат еднакво за сите и каде државата ќе биде сојузник на граѓаните, а не на криминалците. Ова е борба за иднината на нашата земја, борба за подобра и посигурна држава за сите нас..“, нагласи министерот Тошковски.

На крајот од своето обраќање министерот Тошковски на сите припадници на ЕБР им го честиташе Денот на формирањето на Единицата, со желби за здравје и натамошен успех, како на професионален, така и на личен план и во насока на мотото на единицата „Секогаш и секаде“, им порача секогаш и секаде да ги чуваат македонските граѓани и да ја чуваат Македонија.

На настанот се обратија и досеггашниот командант на Единицата за брзо распоредувење Зоран Јанаќијев кој даде свое видување за работата на единицата, нејзината важност и иднина и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев кој го поздрави концептот „До вас, за вас“ со кој се приближува работата на единицата и полицијата до граѓаните и се гради меѓусебна доверба.

На свеченоста беа доделени плакети  на најдобрите припадници на единицата и за континуирана поддршка во напорите за унапредување и осовременување на капацитетите на Единицата за брзо распоредување.

Во текот на денот Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Алесаксандар Јанев, заедно со припадници од Оддделот за специјални полициски операции положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Единицата за брзо распоредување, во чест на хероите кои ги дадоа своите животи извршувајќи ја најсветата дожност – да ја бранат татковината и безбедноста на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy