Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТОШКОВСКИ Е ГОРД ШТО ГРАЃАНИТЕ ЗАБАВИЛЕ СО ВОЗЕЊЕТО Ќе се отвори пункт за пријавување проблеми со „Безбеден град“
Македонија

ТОШКОВСКИ Е ГОРД ШТО ГРАЃАНИТЕ ЗАБАВИЛЕ СО ВОЗЕЊЕТО Ќе се отвори пункт за пријавување проблеми со „Безбеден град“

14/12/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“, истакнувајќи дека граѓаните значително ја намалиле брзината на возење, а бројот на сообраќајни незгоди во Скопје е во опаѓање. Единствената цел на проектот е спасување човечки животи, нагласи тој.

– Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Горд сум што македонските граѓани покажаа дека и во тест период кога ќе се вметне едно решение, граѓаните сфатија и го забавија возењето во рамки на главниот град. Граѓаните покажаа дека можат поинаку и дека сега се вистински Европјани. Намалени се бројките на сообраќајки на територија на Град Скопје, а особено со тешки телесни повреди и со смртни последици – изјави Тошковски одговарајќи на новинарско прашање по отворање на реконструираната полициска станица во Бутел.

Тој нагласи дека почитувањето на ограничувањата на брзината е клучно за намалување на тешките последици во сообраќајот, посочувајќи ја и глобалната статистика.

– Ако ја земеме глобалната статистика, при возење со 60 километри на час скоро и да нема преживеано лице, односно од 10 повредени лица при сообраќајка сите починале. При возење со 50 километри на час од 10 поврдени преживеале само двајца и со брзина на возење од 30 километри на час од 10, преживеале 8 луѓе – рече Тошковски.

Проблемите со кои се соочуваат возачите откако се вклучија камерите на проектот „Безбеден град“ ќе можат да се пријавуваат на посебен пункт или на интернет страница. Тошковски најави дека во склоп на управните служби на МВР (кои се во МТВ), ќе се отвори пункт за пријавување на сите грешки од системот со кои граѓаните се соочиле. Освен физички, возачите ќе можат наскоро неправилностите да ги пријават и на интернет страница, а министерот најави и мобилна апликација за пријавување проблеми поврзани со „Безбеден град“.

Тошкоски рече дека се работи на отстранување на сите неправилности и оти од 1 февруари возачите свесно ќе придонесат за безбедноста во сообраќајот.

Проектот „Безбеден град“ има за цел долгорочно да придонесе кон побезбеден сообраќај и намалување на сообраќајните несреќи низ државата.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy