
Тошковски: Досега осомничени се 26 лица и не е затворање на списокот на осомничени
На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека досега се опфатени 26 лица во истрагата, но дека таа бројка нема да биде конечна.
„Досега осомничени се 26 лица и не е затворање на списокот на осомничени, огромен број на луѓе е вклучен во истрагата“, рече Тошковски.
Тошковски рече дека досега има определено мерка притвор за 18 лица, а седум ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, плус уште едно лице кое е едно од раководните лица во овој момент во министерството за економија.
„Констатирале дека кабарето ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир и за сообраќај. Одобриле и потпишале известување до министертството за економија во кое констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови и покрај тоа што не извршиле проверка. Изработиле телеграма во која не навеле точни и целосни податоци дека во близина на кабарето имало пријави за нарушен ред и мир“, рече Тошковски.
Министерот изјави дека досега се опфатени 26 лица во истрагата, но дека таа бројка нема да биде конечна.
„Досега осомничени се 26 лица и не е затворање на списокот на осомничени, огромен број на луѓе е вклучен во истрагата“, рече Тошковски.
Министерот рече дека досега има определено мерка притвор за 18 лица, а седум ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, плус уште едно лице кое е едно од раководните лица во овој момент во министерството за економија.