Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Безбедноста на нашите дечиња е наша заедничка обврска, затоа што тие се нашето најголемо богатство
Македонија

Тошковски: Безбедноста на нашите дечиња е наша заедничка обврска, затоа што тие се нашето најголемо богатство

25/02/2026

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Претставата, наменета за учениците од основното училиште од општината, им овозможи на децата преку интерактивен и едукативен пристап да се запознаат со основните правила за безбедно однесување во сообраќајот, безбедниот пат од и до училиште, како и со значењето на внимателноста и одговорноста во улога на пешаци и велосипедисти.

Министерот Тошковски потенцираше дека едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во градењето сообраќајна култура и во заштитата на човечките животи.

„Безбедноста на децата е наш врвен приоритет. Преку вакви активности, кои на децата им се блиски и разбирливи, создаваме генерации што ќе ги почитуваат сообраќајните правила и ќе придонесуваат за побезбедни патишта. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи активно да ги поддржува и да учествува во сите проекти насочени кон подигнување на свеста за сообраќајната безбедност“, истакна министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе продолжи со активности и кампањи насочени кон едукација на децата и младите како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, со цел создавање побезбедна сообраќајна средина за сите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пијани татко и син физички се пресметале во семејниот дом

25/02/2026
Македонија

ГО СНИМИЛ ПОЧЕТОКОТ НА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“, МИСЛЕЛ ДЕКА Е

25/02/2026
Македонија

Талески: 600 евра минимална плата не е само бројка, тоа

25/02/2026
Македонија

Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – МВР и

25/02/2026
Македонија

Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот

25/02/2026
Македонија

Измамен маж од Битола за 10.000 евра, му кажале дека

25/02/2026
Македонија

ИНСПЕКТОР ПРИЈАВЕН ЗА ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА Oвозможил осомничениот да манипулира

25/02/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР ОД КОЧАНИ: Му дозволил на осомничен

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41926
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пијани татко и син физички се пресметале во семејниот дом во Гостивар!

25/02/2026

На 25.02.2026 околу 00:10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 47-годишен гостиварец и неговиот син

ГО СНИМИЛ ПОЧЕТОКОТ НА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“, МИСЛЕЛ ДЕКА Е АНИМАЦИЈА Женско лице од бендот

25/02/2026

Чест гостин во дискотеката „Пулс“ сведочеше денеска дека во почетокот не го сфатиле пожарот сериозно и мислеле дека е некаква

Талески: 600 евра минимална плата не е само бројка, тоа се човечки судбини

25/02/2026

Државата постои за да застане на страната на работниците и да ги одбрани нивните права и потреби тогаш кога нема

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy