Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тортура и закана од насилие кон д-р Жан Митрев наместо владеење на правото, a сведоците на обвинителството не се појавија на судење
Македонија

Тортура и закана од насилие кон д-р Жан Митрев наместо владеење на правото, a сведоците на обвинителството не се појавија на судење

03/11/2023

AA

Денешното рочиште за случајот против Клиника Жан Митрев и д-р Митрев повторно се одлага поради несериозниот однос на обвинителство. Иако беше уредно закажано и покана доставена до сите засегнати страни, судијката беше принудена да го откаже.

За денешното рочиште беа закажани изјавите на сведоците на обвинението. Но еден од сведоците не понесе лична карта за идентификација, што е задолжително при давање исказ пред судија, а вториот сведок воопшто не се појави затоа што не бил известен.

Заради непостоење објективни услови за одржување на рочиштето истото се одлага.

Наспроти ваквиот несериозен однос од страна на обвинителство, Д-р Митрев се појави на рочиштето со повреда и откако два месеци беше оневозможен да се движи.

Одбраната го извести судот дека континуираната психичка тортура врз д-р Митрев која започна со монтирана сторија, продолжува со уште еден морбиден обид во форма на монтирана фотографија објавена на социјалните мрежи само неколку дена пред рочиштето на која д-р Митрев е прикажан изрешетан со повеќе прострелни рани и со текст „убиен познатиот македонски лекар“.

По ова одбраната постави прашање која е пораката на оваа континуирана тортура на обвинетиот, дали можеби психичкото уништување на врвниот кардиохирург со цел да му биде преземена клиниката. Дали со оваа фотографија од убиениот Жан Митрев се испраќа порака дека така ќе заврши.

Овие постапки заедно со постапките на институциите, за д-р Митрев претставуваат континуитет на тортурата што се врши врз него и оневозможување на неговите основни права. Па така и покрај енормно високата гаранција од 1.000.000 ЕУР за негово присуство на судењето, му се попречуваат сите аспекти на животот почнувајќи од правото на приватен живот кога му е одбиено привремено враќање на патната исправа заради придружба на неговиот син на приемен испит за лекарската професија, правото на професионална дејност кога му е одбиено привремено враќање на патната исправа заради присуство на конгрес од највисоко ниво на кардиохирурзи на кој бил поканет да презентира наука пред форум на врвни кардиолози од светски ранг. И конечно правото на лекување од тешката повреда која во меѓувреме ја преживеа во установа соодветна за лекување на такви повреди за да се одбегне можноста да биде онеспособен за вршење на неговата професија заради повредата, кое што барање е во тек, но на истото дури и однапред знаеме дека не се ни обрнува внимание бидејќи одбраната доби закана дека ќе биде отфрлено барањето затоа што немало оригинални докази, иако истите се наоѓаат во судскиот предмет кој судечкиот судија го достави до Кривичниот совет.

Поради сето ова побарано е Судот во конкретниот случај да стори се за да владее правото, а не заканата од насилие кон д-р Жан Митрев.

 

 

 

 

 

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45879
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО ПРЕДАВСТВО? ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување на

30/09/2026

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение обвини дека изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго” – е доказ

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија и Грција немаат правна основа

30/09/2026

Не е научно потврдено дека моштите кои Софија ќе ги добие в сабота се на цар Самоил, ниту пак Бугарија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy