
ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување, дожд и снег

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура од 0 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 14 степени.
Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температрата ќе се движи од 5 до 11 степени Целзиусови.
Во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег.
Поради продор на постуден воздух во понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а во среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.

.

