
Топлотен бран во Македонија и цела следна недела, УВ индексот ќе биде 10
Подрачјето на нашата земја и во текот на следната седмица ќе биде под влијание на топол бран. Времето ќе биде многу топло со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во Скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура над 20, а максималната над 39 степени.
UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
Времето денес (14.07.2023 год.): Сончево и многу топло, попладне наместа ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. УВ=10
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло, попладне ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен ветер од северен правец. T= 38 °C, P= 979 hPa, U= 25 %, V= 3 m/s.
| недела | понеделник | вторник | среда | четврток |
| Ден (16.07) | (17.07) | (18.07) | (19.07) | (20.07) |
| Ветер | променлив | |||
| Мин.тем. 15 до 23 | 14 до 23 | 15 до 24 | 16 до 25 | 16 до 25 |
| Мак.тем. 34 до 40 | 35 до 41 | 34 до 42 | 34 до 42 | 35 до 43 |
| УВ 10 | 10 | 10 | 10 | 10 |

