Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Топењето на глечерот откри долго чувана тајна: Пронајдено телото на алпинистот кој исчезна пред 37 години!
Македонија

Топењето на глечерот откри долго чувана тајна: Пронајдено телото на алпинистот кој исчезна пред 37 години!

29/07/2023

AA

Телото на маж, кое е пронајдено на глечер недалеку од швајцарскиот врв Матерхорн поради топењето на мразот, припаѓа на германски алпинист кој исчезнал пред 37 години.

ДНК анализата потврди дека се работи за 38-годишен маж кој исчезнал во септември 1986 година.

Телото беше пронајдено на почетокот на овој месец од страна на планинари кои минуваа низ глечерот Теодул, над швајцарската општина Зермат, откако забележаа чевли за качување мраз со шилести рамки како излегуваат од мразот.

Почна опсежна операција за пребарување и спасување на алпинистот, но таа не вроди со плод кога исчезна пред 37 години. Полицијата не го прецизира неговиот идентитет, потврдувајќи само дека тој имал 38 години во моментот на исчезнувањето.

– ДНК анализата овозможи да се идентификува планинарот кој исчезна во 1986 година. Тој тогаш имал 38 години, а врз основа на неговото пријавено исчезнување е започната потрага – се вели во полициското соопштение.

Последици од глобалното затоплување

DNA tests have confirmed the remains found on Switzerland’s iconic Matterhorn mountain belonged to a German man who went missing 37 years ago https://t.co/av3xncy6dH

— Sky News (@SkyNews) July 28, 2023

Швајцарските климатолози и други експерти предупредуваат на забрзаното топење на глечерите, што делумно го припишуваат на климатските промени предизвикани од човекот.

Глечерот Теодул, како и другите глечери низ Алпите, видно се намалува во последните години. Теодул е ​​дел од целогодишниот скијачки регион Зермат, најголемиот во Европа. До 80-тите години на минатиот век, Теодул сè уште бил поврзан со соседниот глечер Горнер, но сега тие се одвоени.

Скоро секое лето, мразот што се топи открива нешто или некој што исчезнал пред неколку децении. Минатата година од глечерот Алеч излегоа остатоците од авионот кој се урна во 1968 година, додека во 2015 година беа пронајдени телата на двајца млади јапонски алпинисти кои исчезнаа во снежна бура во 1970 година.

Минатата година глечерите во Швајцарија ја регистрираа својата најлоша стапка на топење од почетокот на евиденцијата пред повеќе од еден век. Имено, глечерите изгубиле 6 отсто од преостанатиот волумен, речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 2003 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy