Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Топ не ја бие „Македонијатурист“! Од што, без да работи, заработи 1,12 милиони евра?
Економија

Топ не ја бие „Македонијатурист“! Од што, без да работи, заработи 1,12 милиони евра?

09/08/2024

AA

Од редовното работење со хотелите и рестораните за половина година „Македонијатурист“ приходуваше 2,3 милиони евра и заради повисоките трошоци е во оперативна загуба. Но од своите заштеди и вложувања во акции и удели за истиот период има финансиски прилив од 1,12 милиони евра

Најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ заработи 1,12 милиони евра од дивиденди на своите акции и од камати на своите вложувања во депозити за период од половина година, покажуваат најновите податоци од финансиските извештаи на оваа компанија достапни на берзанскиот сервис СЕИ-НЕТ.

Интересно е тоа што од основната дејност „Македонијатурист“ за првите шест месеци е во була односно загуба од 133.000 евра. Но по внесувањето на финансиските приходи и расходи и пресметаниот данок на добивка компанијата е во добивка од 916.000 евра. Таа добивка во целост е остварена само од добивките што компанијата ги оствари од своите вложувања.

Страгетијата на Доне Таневски, долгогодишниот менаџер и најголем акцинер на „Македонијатурист“ акумулираните добивки и заработки компанијата да ги вложува во акции, удели и во депозити даде одличен резултат на среден рок. Годинава во првите шест месеци приносите од вложувањата надминаа 1 милиони евра и се за 52 отсто повисоки од истиот период лани. Тоа е резултат од вложувања што заслужува респект.

Од извештајот за паричен тек се гледа дека од финансиските приходи најголем дел дошол од дивиденда на акциите што ги поседува „Македонијатурист“. Дури 822.000 евра се прилив од дивиденда, а најголем дел од нив се од акцијата на „Комерцијална банка“ во која од поодамна вложи „Македонијатурист“.

Ако се погледне билансот на состојба на „Македонијатурист“ импресионира фактот дека оваа хотелска компанија во хартии од вредност (акции, удели на фондови и обврзници) чува 20,12 милиони евра. Уште 9 милиони евра компанијата, според билансот на состојба, има во краткорочни вложувања. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
Македонија

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46679
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со 6 возила

09/11/2026

Голњм пожар избувна попладнево во објект кој се користи како куќа и магацин во близина на Бит-пазар во Скопје. Од

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД ДРУГИ МОТИВИ Инспекторатот за јазици

09/11/2026

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска ги отфрли обвинувањата од Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочувајќи дека

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени и уплати за комуналии и

09/11/2026

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на Алта банка АД Битола кои имаат платежни сметки во банката, а не

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy