Тон емоции: Даниел Кајмакоски стопен во најубавата прегратка на светот
Победникот на Икс- Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, живее убави и исполнети семејни денови, особено откако стана татко по вторпат и го доби синот Стефан.
Наследникот Кајмакоски веќе е потпораснато бебенце кое пред еден месец наполни една година. Тато Даниел е апсолутно предан на својот син и секој момент по работа го користи за да го гради односот татко- син и да создава спомени кои ќе траат засекогаш.