Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Томески: Не се познати причините за пожарот во Универзална, дополнително ќе се утврдуваат
Македонија

Томески: Не се познати причините за пожарот во Универзална, дополнително ќе се утврдуваат

09/04/2024

AA

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески во изјава за медиумите посочи дека уште не се познати причините за пожарот што ја зафати Универзалната сала.

Тој додава дека причините дополнително ќе ги утврди полициската екипа, а додаде и дека нема повредени затоа што во моментот немало градежни работи.

Според него, пожарот за кратко време бил ставен под контрола иако имале висока температура во самиот објект.

Интервенирале девет противпожарни возила и 24 пожарникари.

„Во 9 часот и 50 минути пријавена е дојава за настанат пожар во Универзална сала. Веднаш беа испратени две противпожарни возила од блискиот потцентар во населбата Тафталиџе коишто уште при доаѓањето забележаа висок столб од чад и веднаш побараа дополнителна помош. За релативно кратко време и благодарение на пожртвуваноста на колегите пожарот беше ставен под контрола иако имавме висока температура во самиот објект. Би сакал да се заблагодарам и на полициските службеници кои ни овозможија побрзо да пристигнеме, како и на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Водовод“ кои се потрудија континуирано да не снабдуваат со вода за да интервенцијата биде што е можно поуспешна“, вели Томески.

На терен имало имало густ чад, а температурата била многу висока и на соседните објекти кои се во непосредна близина.

„Штетата не можеме да ја констатираме сега. Не знаеме што се имало внатре, бидејќи настана колапс на кровната конструкција се уште се работи на догасување, има висока температура се уште во објектот, не може да се пристапи до сите места. Она што е битно за нас, интервенцијата е успешна од аспект на брзина на интервенирање и тоа што нема повредени пожарникари и граѓани“, порача Томески.

Томески упати и апел до властите за што е можно поскоро да се одобри вработување на нови пожарникари.

„Нашата единица функционира со пополнетост со 40 отсто што е недеволно. Во пресрет на летна сезона навистина не знаеме како ќе се одвиваат работите, но ни се потребни нови пожарникари што е можно побрзо да можеме да бидеме поекипирани и да можеме да одговориме на сите побарувања од нас“, додаде Томески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy