Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Том Круз на црвениот тепих на премиерата на „Невозможна мисија 7“ во Лондон
Магазин

Том Круз на црвениот тепих на премиерата на „Невозможна мисија 7“ во Лондон

24/06/2023

AA

 

Том Круз го промовираше седмиот дел од серијалот Mission: Impossible на премиерата на филмот во Лондон во четвртокот.

Актерот го опиша Dead Reckoning – Part One („Одмазда – Прв дел“) како најголем момент од филмската сага досега.

На црвениот тепих му се придружија колегите Сајмон Пег, Хејли Атвел, Ребека Фергусон и Ванеса Кирби, и режисерот Кристофер Меквери.

Рецензиите на критичарите за филмот ќе бидат објавени на 5 јули, а филмот ќе почне да се прикажува во кината ширум светот на 14 јули.

„Филмот од два дела ја означува кулминацијата на сите мои вештини,“ рече Круз и вети дека дури и оние кои не се запознаени со серијалот ќе имаат епска авантура.

Круз ја репризира својата улога како Итан Хант во исклучително успешната франшиза.

Во најновиот филм со оригинален наслов Mission: Impossible Dead Reckoning Part One, Итан заедно со тимот за невозможни мисии (ИМФ) е во потрага по застрашувачко ново оружје што му се заканува на човештвото.

Филмот, кој се снимаше делумно во Обединетото Кралство, а и во Италија, ги прикажува вообичаените акробации кои ѝ пркосат на смртта, вклучувајќи ја и таа кога Круз скока од карпа на мотор.

Говорејќи на премиерата на филмот во Лондон, тој рече дека уште како дете отсекогаш сакал да снима филмови и се посветил на преземање нови предизвици и учење нови вештини.

„Од малечок, тоа го правев“, изјави 60-годишникот за новинската агенција PA Media.

„Кога имав три или четири години скокав од покривот и се качував на дрвја – сакав да снимам филмови, сакав авантура, сакав да патувам низ светот.“

Процесот на снимање на филмот беше попречен од бројните прекини во екот на пандемијата, при што во декември 2020 година протече аудио снимка на која Круз е бесен на продукцискиот персонал за очигледно непочитување на правилата за спречување на ширење на Ковид -19.

Секој филм во сагата Mission: Impossible досега има заработено најмалку 100 милиони долари на светските киноблагајни.

Најуспешниот досега е шестиот дел, Mission: Impossible – Fallout, кој инкасираше 220 милиони долари, иако претходните филмови беа објавени на крајот на милениумот и нивната заработка не се прилагодена на инфлацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy