
Толку од високите температури во Македонија, од утре целосен пресврт на времето
Утре во текот на денот ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и во поголем дел од земјава ќе се задржи многу топло време. Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер кој ќе продолжи да дува и во четврток. Ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени и ќе има услови за слаб локален дожд.
Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
