Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Тој што ќе признае нема пола да му се прости, но ќе биде ценет исклучително“, рече судијката но никој од 37. обвинети во Адитив не чувствува вина за криминалот од 6,5 милиони евра
Македонија

„Тој што ќе признае нема пола да му се прости, но ќе биде ценет исклучително“, рече судијката но никој од 37. обвинети во Адитив не чувствува вина за криминалот од 6,5 милиони евра

30/05/2025

AA

Никој од 37-те обвинети за злоупотреби во државната компанија ЕСМ, кои според обвинението го оштетиле буџетот за најмалку 6,5 милиони евра, не се чувствува виновен. Судењето почна вчера во новата дигитална судница во близина на затворот Идризово, која со години стоеше неискористена, иако беше изградена со средства од Европската Унија.

Пред обвинетите да се изјаснат, судијката Даниела Димовска испрати порака дека признанието на вина ќе се смета како особено олеснителна околност.

„Тоа не значи дека половина од казната ќе биде простена, но судот ќе го земе предвид признанието. Ќе се води сметка и за возраста и за начинот на вклучување на дел од обвинетите во шемата“, рече судијката.

Според обвинителката Наташа Поп Трајков, обвинетите организирано местеле тендери за набавка на адитиви за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, преку пререгистрации на фирми и однапред договорени економски оператори.

„Ќе докажеме институционална и морална распаднатост во ЕСМ. Пред нас стои злосторничко здружување на кои државата им ја доверила енергетската безбедност, а тие ја искористиле функцијата за личен профит“, изјави Поп Трајков.

Обвинети се 31 физичко и 5 правни лица. Меѓу нив се поранешните директори на ЕСМ – Васко Ковачевски, кој е во бегство, и Васко Стефанов, кој се наоѓа во притвор. Обвинителството побара Ковачевски да му се суди во отсуство.

Меѓу останатите обвинети се и лица поврзани со приватни фирми и цели семејства – Јорданови, Стојановски, Алексовски и други. Обвинети правни субјекти се „Хем Алијанс ДООЕЛ Неготино“, „Дади Трејд ДООЕЛ Велес“, „Контракси компани“ и стоматолошка ординација од Велес.

Судењето ќе биде едно од најобемните процеси за економски криминал во земјава, и ќе се води со помош на новата дигитална опрема обезбедена преку ЕУ-проекти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy